На 27.01.2022 во 12.40 часот било пријавено дека околу 11.30 часот на место викано „Дервен“, на шумска парцела во атар на с.Умлена, пехчевско, при сеча на опожарена дрвна маса со тешки телесни повреди се здобил Џ.М.(36) од с.Долно Јаболчиште, информира МВР.
Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.