Попладнево во 14:30 часот на пешачкиот премин на плоштадот Срмаале спроти Основниот суд од патничко возило тешко била повредена 19-годишна девојка.
Брза помош веднаш дошла на месотото на настанот и укажала помош.
Како што информира доктор Василка Пановска Попстеванова, началник на Брза помош, тие со екипа на Брза помош веднаш ѝ укажале помош и констатирале повреда на глава, градниот кош и екстремитети, ја имобилизирале и таа е во стабилна состојба. Девојката е однесена во Општата болница Велес.
Како што информира за МИА доктор Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница, девојката била примена и над неа лекарски тим од хируршките амбуланти врши испитувања за нејзината состојба.