Во село Пепелиште, неготинско, патничко возило „Ауди“, управувано од К.Д. (18) од село Пепелиште, вчера во 23.20 часот, удрило во пешакот С.А. (20) од село Пепелиште.
Притоа, С.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здраствениот дом во Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.