четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена малолетничка во Скопје, во неа удрил автомобил

Тешко повредена малолетничка во Скопје, во неа удрил автомобил
илустрација

На 12.06.2023 околу 20:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген поло“, сопственост на МВР, удрило во малолетничка од Скопје.

Во незгодата телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен и Одделот за внатрешна контрола при МВР.