На 11.07.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(58) од с.Арачиново, скопско, удрило во пешакот К.К.(37) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.