На 29.04.2022 во 09.40 часот било пријавено дека на сервисна улица која ја поврзува ул.„Загребска“ со влез во црква, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(46) од Скопје удрило во пешакот Љ.П.(69) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.П., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.