петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена жена во Скопје, со автомобил ја удрило 18-годишно момче

Тешко повредена жена во Скопје, со автомобил ја удрило 18-годишно момче

На 24.01.2022 во 10.20 часот било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ во Скопје, патничко возило „ауди А4“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18) од Скопје удрило во пешакот Ќ.У.(72) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ќ.У., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.