петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена жена во Скопје: Во неа удрил 19-годишен возач со товарно возило мерцедес

Тешко повредена жена во Скопје: Во неа удрил 19-годишен возач со товарно возило мерцедес

На 09.11.2022 во 11,45 часот на ул. Благоја Стефковски во Скопје, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с. Арачиново, скопско удрило во С.М.(85) од Скопје.

По несреќата С.М. е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.