среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредена жена во Тетово: Во неа удрил возач со „ауди“

Тешко повредена жена во Тетово: Во неа удрил возач со „ауди“

Денеска (10 октомври) околу 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово, патничко моторно возило “ауди” со тетовски регистарски ознаки управувано од 68-годишниот тетовец Е.Г. удрило во 45-годишната З.Ј.(пешак) од тетовско Долно Седларце.

Во несреќата пешакот З.Ј задобила тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.