сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повредено момче од Гостивар, од работа пренесено во болница

Тешко повредено момче од Гостивар, од работа пренесено во болница

На 08.07.2023 околу 08:00 часот во Полициска станица Гостивар е пријавено дека во Медицински центар Гостивар е донесен со тешки телесни повреди А.Ш.(23) од Гостивар, кој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во продажен објект во Гостивар.

Полициски службеници излегле на местото, а за настанот е известен јавен обвинител и трудов инспектор.