понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовец (77) починал при расправија и физичка пресметка со сопругата

Тетовец (77) починал при расправија и физичка пресметка со сопругата

Тетовската полиција вчера попладне добила повика од од лекар од Итна медицинска помош при Клиничка болница Тетово.

Лекарот пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, Н.В. пријавил дека неговиот татко Б.В.(77) бил во лоша здравствена состојба по што од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, а биле забележани гребаници во пределот на вратот.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека увид на лице место извршиле Јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово.

-Исто така, констатирано е дека при расправија и физичка пресметка со неговата сопруга П.В.(76), Б.В. починал, информира Јосифоски.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.