четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовец ја уценувал поранешната девојка: Доколку не ја продолжат врската ќе објавел непристојни фотографии и видеа

Тетовец ја уценувал поранешната девојка: Доколку не ја продолжат врската ќе објавел непристојни фотографии и видеа

Против Ф.А. (46) од село Камењане, тетовско, СВР Тетово поднесе кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Како што соопшти МВР, во текот на септември и октомври 2018 година пријавениот на жена од село Камењане, тетовско, со која претходно бил во љубовна врска, во повеќе наврати и се заканувал дека доколку не ја продолжи љубовната врска, на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии и видео записи со непристојна содржина.