вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тетовец преку социјални мрежи намалил малолетничка од Косово на полови дејствија

Тетовец преку социјални мрежи намалил малолетничка од Косово на полови дејствија

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 август) околу 17 часот, во тетовско Теарце, го лишиле од слобода 27-годишниот М.А. од ова село.

Лицето се сомничи дека извршило „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години“.

-Станува збор за малолетничка од соседно Косово, а делото, според пријавеното, било извршено преку социјални мрежи, појаснуваат од СВР Тетово.

Се расчистува и документира случајот, по што против М.А. ќе следува соодветен поднесок.