На 02.08.2022 на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода Б.Ф.(36) од Скопје, затоа што околу 17:30 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што со уште едно лице го оштетиле и неговото возило „тојота аурис“, со скопски регистарски ознаки.
Притоа, Б.Ф. кај себе имал пиштол. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.