Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Ѓ.(19) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 07.11.2022 во населба „Циглана“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.