петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер со автомобил удрил девојче во Кавадарци

Тинејџер со автомобил удрил девојче во Кавадарци

Девојче се здобило со повреди откако вчера околу 18:30 часот било удрено од автомобил.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци кога „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци.

-Девојчето се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, информираат од полицијата.