Товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура, утрово околу 6 часот и 40 минути се излигал од шините откако претходно удрил во одрон од камења. Во незгодата нема повредени.
Од СВР Струмица потврдија дека поради незгодата железничкиот сообраќај е во прекин меѓу Гевгелија и Велес.
Полицијата врши увид на местото на несреќата.