На 06.11.2022 во 01.07 часот било пријавено дека околу 00.15 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија–Скопје, во близина на с.Миравци, удрил во лице кое лежело на пругата.
-Од страна на полициски службеници било излезено на местото и било утврдено дека станува збор за 30-годишно лице мигрант. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, информира МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.