среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Товарно возило удри пешак во Битола

Товарно возило удри пешак во Битола

Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се слулила вчера напладне на крстосница од ул.„Арон Ароести“ и ул.„8 Септември“ во Битола.

ОД МВР информираат дека товарно возило „пежо експерт“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(35) од Битола удрило во пешак Д.Д.(66) од Битола.

Во несреќата,  Д.Д. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.