понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија: Млад македонски државјанин пронајден мртов во Софија

Трагедија: Млад македонски државјанин пронајден мртов во Софија

Тело на 26-годишен македонски државјанин е пронајдено на 17 декември околу 21 часот во близина на трговскиот центар „Парадајз“ во Софија, јавува дописникот на МИА од Бугарија.

Телото е испратено во Одделот за судска медицина. За случајот е поведена предистражна постапка. Според првичните сознанија, нема траги на насилство на телото на македонскиот државјанин, и најверојатно станува збор за предозирање. (МИА)