недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена почината мигрантка кај Гевгелија

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена почината мигрантка кај Гевгелија

На местото „Змиите“ во атар на гевгелиското село Петрово вчера била пронајдена почината мигрантка.

Според соопштението од СВР Струмица, настанот бил пријавен вчера во 9 часот во Полициската станица во Гевгелија, а лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија ја констатирал смртта кај мигрантката.

Бил извршен увид на местото од полицијата, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.  (МИА)