Железничка несреќа се случила вчера во 23.07 часот на влезен сигнал на железничка станица Гевгелија.
Од полицијата информираат дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија, управуван од машиновозачот С.М. (49), удрил во пешакот Г.Т. (49) од с.Мојно,општина Могила, со привремено престојувалиште во Гевгелија.
-Од ударот Г.Т. починал на местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.
Од 23.15 часот до 01.30 на 16.06.2018 година железничкиот сообраќај бил во прекин.