Во куќа во кумановското село Романовце денеска претпладне настанал пожар при експлозија на плинска боца, објави 360 степени.
Според информациите на МВР, три лица починале на лице место, а шест завршиле со тешки повреди.
Тие веднаш биле префрлени во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите ќе бидат однесени во Ургентниот центар во Скопје.