Министерството за внатрешни работи информира дека на 29.10.2022 во 12.40 часот во Полициската станица Берово, од Итна медицинска помош било пријавено дека од с.Митрашинци со повреди добиени при превртување на трактор бил донесен Г.Л.(27), при што од страна на лекар во Здравствениот дом во Берово констатирана била смрт.
Според пријавеното, на место викано „Јастребов рид“, атар на с.Митрашинци, Г.Л. управувал трактор со приколка во која превезувал дрва, но изгубил контрола и тракторот и приколката се превртеле. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.