На 02.08.2019 година во 20:00 часот било пријавено дека во Охрид на плажата „Лагадин“, Д.Л. (35) од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата.
Од здобиените повреди, при транспорт во болница, лицето починало.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.