Вистинска трагедија се случила вчера во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско во која животот го загуби шест годишно дете.
Имено, додека А.А.(27) од с.Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди.
Од МВР информираат дека дететот било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт.
Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.