недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – работник загинал на лице место додека извршувал работни задачи!

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ – работник загинал на лице место додека извршувал работни задачи!

На 09.06.2023 во 11.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Железара во Скопје, при извршување работни задачи со повреди се здобил и починал А.П.(53) од с.Петровец, скопско.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.