Во хотелска соба во Струга, вчера почината била пронајдена 27-годишната В.С. од Кралството Холандија, која бил дел од група туристи, соопштуваат од СВР-Охрид.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, се вели во соопштението.