среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трактор излетал од пат, загина возачот

Трактор излетал од пат, загина возачот
ИЛУСТРАЦИЈА

На 06.09.2023 околу 07.20 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека во атар на с.Шлегово, кратовско, трактор „имт“ без регистарски ознаки, со приколка со кумановски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(68) од с.Шлегово излетал од патот, информира МВР.

На местото на несреќата возачот А.Ј. починал, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Кратово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.