четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трактор се превртел вчера во беровско, повредени сопружници

Трактор се превртел вчера во беровско, повредени сопружници
ИЛУСТРАЦИЈА

Вчераутро во Полициска станица Берово било пријавено дека на место викано “Бричките“, атар на с. Двориште, беровско, на некатегоризиран пат, Б.Ц. (55) од с. Двориште, управувајќи трактор, изгубил контрола над тракторот и се превртел.

На тракторот заедно со него била и неговата сопруга И.Ц., која успеала да скокне, а Б.Ц. бил исфрлен на околу 50 метри под патот. Б.Ц. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Струмица каде му била укажана лекарска прва помош, а потоа бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобила И.Ц. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.