четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три лица приведени поради поседување марихуана

Три лица приведени поради поседување марихуана
илустрација

На 12.03.2020 во 14:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце на локалниот пат од с.Брезно кон с.Лешок, сопреле патничко моторно возило “голф 3“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.И.(36), во кое како совозачи се наоѓале и С.Џ.(30) и Д.С.(28), сите од с.Слатино.

При извршен преглед пронајдена била марихуана и тие биле приведени во полициска станица.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.