Неофицијално од туристи од Македонија кои се сместени на Кавос на островот Крф во Грција исчезнале. ТВ21 дознава дека тројца туристи од Македонија ги нема веќе два дена.
Водичот на македонската агенција Рапсоди Травел информирал дека тројца од групата која пред 9 дена замина од Македонија на Кавос, ги нема и не одговараат на нивните телефони, дури ниту на „Вибер“.
Патем, објавени се фотографии од собите кои ги напуштиле, каде имало траги од крв, и ги немале нивните куфери.
Исчезнувањето е пријавено на грчката полиција, која пак по службена должност треба да го извести нашето конзуларно претставништво во Грција, а тие македонското МНР.
Потврда е побарана и од туристичката агенција која го организира патувањето но никој не одговара на телефонските повици. Во меѓувреме, од ТВ21 го контактирале и МНР од каде рекле дека ќе ја проверат информацијата.