сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Три случаи на семејно насилство пријавени во полиција

Три случаи на семејно насилство пријавени во полиција

Во полиција вчера биле пријавени три случаи на семејно насилство.

Како што информира МВР, во првиот случај синоќа, во 23.45 часот, 33-годишна жена пријавила дека околу 20.30 часот во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг И.М.

Во вториот случај, пак, синоќа во 20.30 часот 20-годишна жена пријавила дека околу 6.00 часот во домот во Куманово била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот невенчан сопруг Л.А..

Во третиот случај, 20-годишна девојка пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче, Л.Д.

Случајот бил пријавен во полиција вчера, во 5.00 часот. Нападот се случил околу 1.30 часот во Прилеп.

Полицијата информира дека презема мерки за расчистување на случаите.