четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца малолетници од згрижувачки семејства во Штип пријавени за исчезнати

Тројца малолетници од згрижувачки семејства во Штип пријавени за исчезнати

Тројца малолетници на возраст од 12, 14 и 16 години од згрижувачки семејства во Штип вчера избегале и заминале во непознат правец.

Случајот во полиција вчера во 13:10 часот го пријавил вработен во Центарот за социјални работи од Штип, кој бил назначен за старател на децата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.