петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тројца приведени за нелегално организирање игри на среќа

Тројца приведени за нелегално организирање игри на среќа

Еден тетовец и двајца скопјани се приведени во Тетово откако полицајци ги затекнале во нелегално организирање игри на среќа. Тие биле приведени ноќеска околу 23 часот во угоситетелски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Сингелиќ поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“ казниво по член 398 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. Во истиот објект, при извршен преглед над Б.А.(34) од скопски Чаир, бил пронајден нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според став 1 од членот 398 од Кривичен законик за неовластено организирање на комар или друга игра на среќа има парична казна или затвор до една година.