сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Труп во фаза на распаѓање пронајден во реката Лепенец кај скопско Бардовци

Труп во фаза на распаѓање пронајден во реката Лепенец кај скопско Бардовци

Труп во фаза на распаѓање бил пронајден во канал на реката Лепенец кај село Бардовци.

На 05.03.2021 во 10,00 часот во СВР Скопје, З.Р.(40) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци, скопско, во близина на сепарација, во канал на реката Лепенец било пронајдено човечко тело кое било делумно распаднато.

Телото било извадено и по наредба на јавен обвинител е предадено на Судска медицина за обдукција.