недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Турчин приведен на „Деве Баир“, приложил фалсификуван зелен картон

Турчин приведен на „Деве Баир“, приложил фалсификуван зелен картон

На 02.05.2023 во 00:30 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен Х.К.(51) од Република Турција.

При пасошка проверка и контрола, на увид приложил фалсификуван зелен картон за возилото кое го управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.