Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против B.E.(48) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
На 30.09.2022 на граничен премин „Деве Баир“, пријавениот дал на увид турски документи, и тоа возачка дозвола и два зелени картони, за кои било констатирано дека се фалсификувани.