Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за гранични работи Север – Скопје поднесе кривична пријава против А.М.Р.(20) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа’’.
На 11.11.2022 на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, пријавениот на увид приложил турска патна исправа за која било утврдено дека е фалсификувана.