недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Турчин тешко повреден во Скопје

Турчин тешко повреден во Скопје

На 28.05.2023 вo 14:40 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од булеварите „Кузман Јосифоски Питу“ и „Крсте Мисирков“, патничко возило „бмв 740“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(52) од Скопје удрило во Г.К.(48) од Р.Турција, со привремен престој во Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.