На 27.07.2022 во 01.10 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при проверка било констатирано дека Б.У.(33) од Република Турција е во службената евиденција со мерка „апси“ по барање на Националниот центар за безбедност –Германија.
Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.