петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Турци со фалсификувани зелени карти сакале да влезат во Македонија

Турци со фалсификувани зелени карти сакале да влезат во Македонија

Регионалниот центар за гранични работи Исток при БЈБ поднесе кривична пријава против Е.С.(40), М.А.К.(52) и О.А.(38), сите од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Пријавените, во периодот од 04.03. до 09.03.2021, како возачи на товарни возила, на Граничен премин „Деве Баир“ доставиле на увид фалсификувани зелени карти.