среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификуван пасош во Македонија

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификуван пасош во Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 65-годишен државјанин на Република Турција, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 27 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, осомничениот употребил како вистинска лажна турска службена патна исправа. Дека пасошот не е оригинален утврдиле овластени службени лица при контрола на аеродромот.​​