среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Турски државјани нелегално граделе во Македонија, еве каква казна следува

Турски државјани нелегално граделе во Македонија, еве каква казна следува

На 11.04.2023 од страна на ИСР Битола при РЦ за ГР Југ во заедничка акција со Државниот инспекторат за труд, на градилиште во Битола се затекнати три лица турски државјани, како извршуваат градежни работи без да поседуваат работни дозволи.

Од страна на ИСР странските државјани се приведени, против нив се поднесени прекршочни пријави и изведени пред Судија за прекршоци.

Од страна на Државниот инспектор за труд се превземени соодветни мерки против изведувачот на градежните работи.