среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Турски државјанин приведен за криумчарење на тројца мигранти

Турски државјанин приведен за криумчарење на тројца мигранти

Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран вчера, во 01.35 часот на раскрсница „Богданци“ го лишиле од слобода О.Т.(24) од Република Турција, кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти.

Како што соопшти МВР, О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.