Две лица се приведени за вооружениот грабеж кој се случи среде бел ден во експозитура на УНИ банка во центарот на Скопје.
Според засега непотврдени информации еден од приведените е полициски службеник од Сарај, а вториот е нарко дилер кој е од селото Грчец и кој требало да се наоѓа во домашен притвор.
Повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.