петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен 19- годишник поради подметнување на пожар

Уапсен 19- годишник поради подметнување на пожар

Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода бил лишен 19- годишниот Ѓ.Н од село Врбоец, крушевско.

Според пријавеното тој е уапсен поради тоа што бил забележан како подметнува пожар околу 10 часот и 40 минути во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, а судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во траење од 30 дена.