среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен 30 годишник денеска на „Трета македонска бригада“, еве зошто полицијата го привела

Уапсен 30 годишник денеска на „Трета македонска бригада“, еве зошто полицијата го привела

Денеска (07.10.2022) во 14.15 часот на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.З.(30) од с.Василево, струмичко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил баран по распишана централна потерница по наредба од Основен суд Струмица за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.