петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен арамија од Велес

Уапсен арамија од Велес

На 06.03.2023 во 01.05 часот, полициски службеници од Полициската станица Велес го лишиле од слобода Е.Ќ.(40) од Велес.

Тој се сомничи дека во периодот од 20.01.2023 до 07.03.2023 со употреба на сила влегол во куќа на улица „Кочо Рацин“ во Велес и одзел повеќе предмети.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.