недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен битолчанец, при претрес во неговиот дом полицијата пронашла муниција и марихуана

Уапсен битолчанец, при претрес во неговиот дом полицијата пронашла муниција и марихуана

На 07.03.2023 во 16.55 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода В.Р.(40) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, рамка за пиштол со осум куршуми непознат калибар, дробилка и други предмети со остатоци од остатоци од марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.